Работниците од „Веибо“ ја ослободија директорката

Share Button

Директорката на „Веибо груп“ Кристина Јакимова заедно со менаџментот во кој има и турски државјани синоќа ја посетила фабриката за да ги земе документите за нејзино затворање. Но, откако влегле во фабриката која не работи од први месецов, дворот на објектот бил опколен од група на работници кои неколку часови не им дозволуваа да излезат од фабриката.

По повеќе од 7 часа и долги преговори, работниците го ослободиле менаџментот кој рано утринава пристигнал во Скопје.

Поради затворањето на фабриката на улица ќе останат 210 вработени.