Маж од Демир Хисар четири месеци уценувал битолчанка со компромитирачки фотографии

Дваесетидеветгодишен маж од Демир Хисар четири месеци уценувал своја познаничка од Битола дека ќе ги објави нејзините  фотографии доколку таа не му даде 5.000 денари. Случајот е пријавен во полиција, по што тој бил уапсен и против него била поднесена крвична пријава под сомение дека  го сторил кривичното дело уцена.

Како што информираа од полиција се работи за Т.Т.(29) од Демир Хисар.

Тој во периодот од 01.октомври лани  до 07.јануари годинава  преку социјалните мрежи Вибер, Фацебоок и телефонски пораки, на 36 годишнна битолчанка  и побарал 5.000 денари, за да ги избрише снимените компромитирачки материјали кои таа му ги испратила.

Откако девојката му го исплатила бараниот износ, Т.Т. и понатаму ги задржал снимените материјали кај себе, и со истите и понатаму ја уценувал.

Неможејќи да ја трпи секојдневната тортура девојката отишла во полиција и ја пријавила уцената.