Тешка кражба во тобако продавница во Битола

Share Button

Во текот на 07/08.02.2018 година во Битола на улица „Св.Климент Охридски“ во т.н. тобако продавница непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно делувал на влезната врата и по извршено пребарување одзел лап-топ компјутер „Асус“ и 781 штеки разни видови цигари по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.