СЕ СРУШИ МОСТ ВО ПРИЛЕПСКО: 200 луѓе заглавени!

СЕ СРУШИ МОСТ ВО ПРИЛЕПСКО: 200 луѓе заглавени!

СЕ СРУШИ МОСТ ВО ПРИЛЕПСКО: 200 луѓе заглавени!

Коментарите се исклучени на СЕ СРУШИ МОСТ ВО ПРИЛЕПСКО: 200 луѓе заглавени!
Share Button

Повеќе од 200 туристи од Прилеп се заглавени во прилепското село Стровија откако се срушил мостот на патот во близина на селото Гостиражни. Како што дознаваме од мештаните, неколку автобуси што ги превезувале луѓето кон манастирот ,,Св.Недела” во Стровија не можат да се вратат за Прилеп поради свлечиште на асфалтот и рушење на мостот.

Според мештаните, Општина Долнени испратила механизација за санација на свлечиштето, но оттаму, пак, не потврдуваат колку време ќе биде потребно за да се обезбеди мостот и автобусите да преминат од другата страна.

Случајот веднаш бил пријавен во полиција и екипа од ПС Ропотово веќе е излезена на терен.

– Околу 10 часот утрово добивме пријава за паднатиот мост и нашите тимови веднаш излегоа на терен. Сообраќајот помеѓу селата Гостиражни и Стровија е во прекин, но мостот може да се премине пеш – информираат од МВР.

Мештаните го пријавиле инцидентот и во Кризниот штаб во Прилеп, но како што велат, засега нема пристигнато никаква помош.

уредник

Related Posts

МВР со засилени патроли по заканите кон пратеници на СДСМ

Коментарите се исклучени на МВР со засилени патроли по заканите кон пратеници на СДСМ

Командантот Хоџа стана советник за безбедност на премиерот?

Коментарите се исклучени на Командантот Хоџа стана советник за безбедност на премиерот?

Пат Маврово – Дебар низ фотографии

Коментарите се исклучени на Пат Маврово – Дебар низ фотографии

Да убиеш човек ќе застари делото, ама кај извршители не застарува ќе не дерат и со оваа власт

Коментарите се исклучени на Да убиеш човек ќе застари делото, ама кај извршители не застарува ќе не дерат и со оваа власт

Create Account



Log In Your Account