Буково денес (фото)

Share Button

Еве како изгледаше кај Буково денес низ неколку фотографии

Врнежите од снег предизвикаа проблеми во одвивањето на сообраќајот на повеќе патни правци низ државата.

Поради лавина од камења и снег целосно беше во прекин патот Маврово-Дебар, а вечерва според информацијата од Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Забрана за патнички возила е воведена на планинскиот превој Ѓавато, а на патниот правец Тетово–Попова Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила и за автобуси.

Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, од Стража кон село Колари и обратно и на планинските премини Пресека и Буково.

Во прекин беше и магистралниот пат Крива Паланка – Куманово поради сообраќајка кај селото Гиновце. По извршениот увид, од 20 часот сообраќајот на овој патен правец е нормализиран.