Цветковски останува директор на МРТВ

Цветковски останува директор на МРТВ

Коментарите се исклучени на Цветковски останува директор на МРТВ
Share Button

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија на одржаната седница за нов извршен директор повторно го избра Марјан Цветковски, а за негов заменик Харун Ибраими.

На Цветковски мандатот му истекуваше во март годинава, но пред да се случи тоа програмскиот совет повторно го избра за директор. Цветковски не се прослави како директор на јавниот сервис, со оглед тогашната опозиција го обвинуваше за цензура, и не го направи достапен за сите граѓани избегнувајќи ги критиките на јавноста.

Актуелното раководство на МРТВ пред Нова година објави и интерен оглас за одговорен уредник на првиот програмски сервис, на местото на Диме Ратајковски, кој самиот поднесе оставка.

Според конкурсот, кандидатите покрај другото, треба да поднесат програма за работа на МРТ за три години и да имаат над пет години работно искуство во комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото. Мандатот на новиот директор и заменик-директор на МРТ трае три години со можност за реизбор.

уредник

Related Posts

Дац се обрати до јавноста, тврди дека имал испиено само една чашка алкохол

Коментарите се исклучени на Дац се обрати до јавноста, тврди дека имал испиено само една чашка алкохол

Протест на редакцијата на ОХРИД СКАЈ.Заев, твоите аздисаа,ќе треба да ги ставиш на ѕидот на срамот

Коментарите се исклучени на Протест на редакцијата на ОХРИД СКАЈ.Заев, твоите аздисаа,ќе треба да ги ставиш на ѕидот на срамот

Ќосето повторно ги наостри копјата на опозициската и владејачката партија

Коментарите се исклучени на Ќосето повторно ги наостри копјата на опозициската и владејачката партија

Create Account



Log In Your Account