Јоци за битолската градоначалничка и нејзиниот брат: ВМРО падна, вие многу побрзо

Михајло Ставрески, брат на битолската градоначалничка Наташа Петровска, оној наставникон по математика кој се вработи неодамна во мандат на негована сес’ра, се ставил во его дека е многу паметен да кажува кој медиум е “Курир”, а кој е професионален.

Типов, за кој сес’ра му рече дека бил единствен кандидат на конкурс (во радиус од 200 км, баш во нејзин мандат) порталот на Горан Михајловски, човек кој е вграден во аналите на македонското новинарство, го нарекол “курирски”.

Чекај бе, наставниче по математика, окезен инфантилно, тазе вработен, во мандат на сес’ра ти….мене човеков ми бил гл.уредник. Јас можам со него да се расправам за куп ствари, и многу сум се расправала богами, и усно и писмено, ама јас и тој знаеме за што се расправаме, али да му делам лекции за новинарство-никогаш.
Јас, имено, од него научив се’ !!

Кој си ти, бе, наставниче, брат на битолска градоначалничка, која утре ќе падне од власт, листопадна и лесно заборавлива, да кажуваш кој е новинар, а кој не ?

Ти најде да кажуваш за новинар кој оставил длабока бразда во новинарска историја и е добитник на држ.награда, дека е “курир” ? Па, уште одозгора ќе си тужел.
Па, ние, сите сме влегле во суд, бе, брате на битолска градоначалничка, уште ти док цуцаше весла. Најлабаво. Тужеле министри, премиери.
И ? Гледај сес’ра ти да не влезе по некоја година, а и ти. Како сте тргнале.

Ти си тој што уште и’ должи на јавноста одговори како тоа ТИ беше ЕДИНСТВЕН кандидат во ОУ “Елпида Караманди”, баш сега ? И сестра ти, битолска градоначалничка, во чија надлежност се основните школи и ја плаќаме сите ние, должи многу одговори.
#Животот ако пристигна за вас, не значи дека ќе останете читави при востоличени новинари, кои, преживееја 10 Влади, вклучително и Груевски.

Сес’ра ти нек те научи, ако воопшто знае и сама, не се карај со новинари !
ВМРО падна, вие многу побрзо.

фб објава превземена од  фб профилот на новинарката Јорданка Ивановска – Јоци