Милчин: Заев, врати се дома! Ни Господ, ни поповите нема да ти помогнат

Милчин: Заев, врати се дома! Ни Господ, ни поповите нема да ти помогнат

Коментарите се исклучени на Милчин: Заев, врати се дома! Ни Господ, ни поповите нема да ти помогнат
Share Button

Ни Господ, ни поповите нема да помогнат во разрешувањето на натрупаните проблеми, наведува Милчин во својот пост на Фејсбук.

Врати се дома, Заев. Те чека многу работа која не е помалку непријатна од преговорите за името. Ни Господ, ни поповите нема да помогнат во разрешувањето на натрупаните проблеми, ни во забрзувањето и усогласувањето на владината машина која свири како раштиман оркестар и предизвикува револт. Спушти се на земја пред да биде доцна и препушти му ја на Димитров одговорноста за надворешната политика.

Микроменаџирањето не е инструмент за премиер, како што тактиката не е инструмент за генералите. На генералите им прилега стратегијата. Време е да го преиспиташ функционирањето на функционерите во својата влада и партија. И не сметај на нивната совест и самокритичност. Побарај одговорност за грешките и побарај оставки. Ако тоа не е доволно, разреши ги. Не сите кои се крстат се верници и деца Божји. И потсети го Ахмети дека Македонија не е двоглава монархија каква што беше Австро-Унгарија!

 

(пост на Владимир Милчин на Фејсбук)

уредник

Related Posts

Дац се обрати до јавноста, тврди дека имал испиено само една чашка алкохол

Коментарите се исклучени на Дац се обрати до јавноста, тврди дека имал испиено само една чашка алкохол

“Украси” до битолска фонтана…коњски измет!

Коментарите се исклучени на “Украси” до битолска фонтана…коњски измет!

Тешки последици, 12.12.2000 Детски дом ,,25 Maj”

Коментарите се исклучени на Тешки последици, 12.12.2000 Детски дом ,,25 Maj”

Create Account



Log In Your Account