Од април во Скопје ќе почне да сообраќа електричен автобус

Од април во Скопје ќе почне да сообраќа електричен автобус

Коментарите се исклучени на Од април во Скопје ќе почне да сообраќа електричен автобус
Share Button

Градот Скопје денеска потпиша договор со компанијата „Чериот моторс“ (Chariot Motors) за пробно користење електричен автобус за период од шест месеци.

Електричниот автобус ќе почне да сообраќа на градските улици во април годинава, и тоа на линијата со број 15 на ЈСП од Ново Лисиче до Карпош 4, по следната траса: булевар Јане Сандански, булевар Кочо Рацин, улица Димитрие Чуповски, булевар Партизански одреди и обратно. Во возилото може да се превезуваат до 85 патници.

По истекот на пробниот период овој електричен автобус ќе биде понуден на ЈСП и на приватните превозници да го купат.

„Станува збор за енергетски ефикасен автобус што троши минимално количество електрична енергија и е опремен со систем за брзо полнење. Најголемата предност е тоа што воопшто нема емисија на издувни гасови што го загадуваат воздухот“, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов и додаде дека станиците за полнење на крајните постојки во Ново Лисиче и во Карпош 4 се поставени со помош на ЕВН.

Шилегов рече дека годинава е предвиден буџет за субвенции за набавка на еко-автобуси во висина од 100 милиони денари и за приватните превозници во висина од 20 милиони денари.

Претставниците на „Чериот моторс“ објаснија дека станува збор за израелска компанија за производство на електрични автобуси со седиште во Софија, која во соработка со кинеската компанија „Хајгер“ произведува 76 автобуси на ден. Нивните автобуси веќе сообраќаат по улиците на Белград, Грац, Тел Авив, а наскоро и во Мадрид и Салцбург.


уредник

Related Posts

Според регистарот за педофили во 2012 имало 116 а во 2016 евидентирани само 16 педофили?

Коментарите се исклучени на Според регистарот за педофили во 2012 имало 116 а во 2016 евидентирани само 16 педофили?

ВО ГЕВГЕЛИСКО УЧИЛИШТЕ ДИРЕКТОР ПЛАТАТА СИ ЈА ЗГОЛЕМИЛ САМ

Коментарите се исклучени на ВО ГЕВГЕЛИСКО УЧИЛИШТЕ ДИРЕКТОР ПЛАТАТА СИ ЈА ЗГОЛЕМИЛ САМ

Create Account



Log In Your Account