Горивата поевтинуваат за 2,5 денари по литар

Горивата поевтинуваат за 2,5 денари по литар

Горивата поевтинуваат за 2,5 денари по литар

Коментарите се исклучени на Горивата поевтинуваат за 2,5 денари по литар
Share Button

Цената на горивата од ноќeска на полноќ се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,19, односно за 4,21 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 67, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 57, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,243 денари за килограм се намалува и  малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,856 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажжните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 7,21 отсто пониската  просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,047 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

уредник

Related Posts

Во Прилеп денеска протест против донесувањето на Законот за употреба на јазиците. Блокада на булеварот „Гоце Делчев“

Коментарите се исклучени на Во Прилеп денеска протест против донесувањето на Законот за употреба на јазиците. Блокада на булеварот „Гоце Делчев“

Непознат сторител ги демолирал автомобилите на Шилегов и неговата сопруга

Коментарите се исклучени на Непознат сторител ги демолирал автомобилите на Шилегов и неговата сопруга

Create Account



Log In Your Account