Ивона Талевска призна дека затајувала данок, СЈО бара да ги врати парите

Новинарката Ивона Талевска денеска во судот призна вина за кривичното дело даночно затајување кое Специјалното јавно обвинителство и го става на товар во случајот „Тифани“.

Денеска во Кривичниот суд почна судењето по овој предмет, во кој Талевска е единствено обвинета. Обвинителката на СЈО, Елена Јосифовска, побара од судот осудителна пресуда и плаќање на избегнатите обврски.- објави fokus.mk