На патниот правец Катланово – Велес пред с. Сопот, сообраќајот е во прекин поради поголем одрон

На патниот правец Катланово – Велес пред с. Сопот, сообраќајот е во прекин поради поголем одрон. На самото место се екипите на ЈП Македонијапат кои работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на планинскиот премин Стража и на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово и на планинските премини Ѓавато и Пресека. Во Крушево врнежите се од дожд и снег. Овие врнежи во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри има на патниот правец Тетово – Шипковица, до 100 метри во Крушево и на планинскиот превој Ѓавато и до 70 метри на планинскиот превој Плетвар- известуваат од АМСМ