Оставка поднесе директорот на „25 мај“ од морални причини по случајот за силуваното девојче

Share Button

Стевчо Соколовски директор на  ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение „25 мај“,  денеска поднесе оставка од морални причини а МТСП се уште го испитува случајот со силуваното девојче

„Очекуваме МВР и ОЈО да преземат мерки согласно со нивната надлежност, со цел да се пронајдат и санкционираат лицата коишто ја злоупотребувале малолетната жртва.  Во оваа прилика би сакале да потенцираме дека преку случајот на Р.И. се покажуваат аномалиите на разрушениот систем на социјална заштита, особено кога станува збор за деца во специфичен ризик. Евидентна е потребата од подобра координација меѓу сите институции и воспоставување систем кој вистински ќе ги заштити децата од социјален ризик’, велат од МТСП.