НАЈНОВО :

Откриени сторителите на кражби во цркви во Тетово

Откриени сторителите на кражби во цркви во Тетово

Откриени сторителите на кражби во цркви во Тетово

Коментарите се исклучени на Откриени сторителите на кражби во цркви во Тетово
Share Button

Секторот за внатрешни работи Тетово расчисти 14 кривични дела “тешка кражба“ и едно кривично дело “тешка кражба во обид“, кои што биле извршени во девет православни цркви и во пет куќи во текот на јануари и февруари на подрачјето на СВР Тетово.

Осомничени сторители на кражбите во црквите се двајца малолетници, едниот З.А. (16) од с. Озормиште, тетовско а другиот Н.Р. (16) од Тетово, како и А.А. (18) од Тетово. Тие се сомничат за тешки кражби во црквите во: селата Фалише, Радиовце, Копанце и во неколку црковни објекти во Тетово, при што биле одземени околу 30.000 денари и две мали икони (од црквата во с. Фалише)  Истовремено овие лица заедно со уште еден малолетник – М.А. (17) од село Озормиште, се осомничени дека се сторители и на петте тешки кражби во куќи на лице што времено се вработени во странство. Осомничените насилно влегувале во куќите и одзеле седум телевизори и разновиден алат, и подоцна украдените предмети ги продавале на други лица. Одземените предмети се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици. Против осомничените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

уредник

Related Posts

Прегазил пешак и избегал, од Алфа тимовите е пронајден и приведен, пешакот починал

Коментарите се исклучени на Прегазил пешак и избегал, од Алфа тимовите е пронајден и приведен, пешакот починал

Доцна синоќа запалена викендицата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

Коментарите се исклучени на Доцна синоќа запалена викендицата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

Со “Голф” паднал во Маркова река

Коментарите се исклучени на Со “Голф” паднал во Маркова река

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба

Коментарите се исклучени на Кривична пријава за злоупотреба на службената положба

Create Account



Log In Your Account