Таравари до Заев: Ахмети го спрема твојот политички погреб, не те сакаат ниту Македонците, ниту Албанците

Таравари до Заев: Ахмети го спрема твојот политички погреб, не те сакаат ниту Македонците, ниту Албанците

Коментарите се исклучени на Таравари до Заев: Ахмети го спрема твојот политички погреб, не те сакаат ниту Македонците, ниту Албанците
Share Button
– Зоране, како прво, до 27 април 2017-та се боревме против истите идеолошки непријатели, тие беа Груевски – Ахмети.
Според твоите храбри пријави, до некаде сфативме дека биномот Ахмети-Груевски (не сакам да кажам ДУИ и ВМРО, бидејќи има невини луѓе на двете страни), значи сфативме дека овој бином не беше само идеолошки против нас, туку од “бомбите” што ги објави, сфативме дека тие се вмешани и во тешки злосторства против човештвото, инскенирајќи лажни судења, правејќи економски масакр.
 
Така да, во страшната ноќ од 27 април, каде што претседателот на мојата партија Зијадин Села го ризикуваше животот покрај тебе, јас и илјадници Албанци бевме подготвени да ти излеземе во пресрет и тебе кој што беше исто така под закана! Значи, ти беше човек кој, без разлика на етничката припадност, Албанците се наредија на страната на добрите!
 
Но, ти имаше ужасен услов да ја преземеш власта, требаше да соработуваш со еден од виновниците кои сам ги пријавуваше, со Ахмети! Ахмети и ДУИ кои што везден ги нарекуваше Виновници, за кои што велеше дека има прислушкувани разговори кои лошо ги обвинуваат, токму нив. Тука, според тебе, започна Политиката, а според мене, тука започна Лицемерието!
 
Ти ја делиш власта со оние кои учествуваа на политичкиот погреб на нивниот партнер, а сега почнуваат да го подготвуваат, според мене, твојот! Заев, Албанците не те сакаат! Ниту Македонците! Ниту Турците! Ова е тешка изјава и жалам за ова, но зборувам барем за 100 илјади луѓе од Гостивар!
 
Според условите на маса, ДУИ бараше Бејта да победи во Гостивар. Но, народот не се согласи со ова барање на ДУИ, Бејта изгуби!
 
Сега, почитуван Зоране, кажи ми: Се остава ли град со 100 илјади жители без буџет за атер на ДУИ ?! Му се доделуваат ли на еден град вкупно 1000 евра за цела година за култура?! Дури и во Африка да се наоѓавме, ќе направеше нешто УНЕСКО и ќе бевме заштитени! Се давиш во диктаторски скандали, бе Заев! Едно време мислев дека си фер! Вака како ја тераш, создаваш 100 илјади непријатели?!
 
Деновиве очекувам сите надлежности од областа на образованието, од Општина Гостивар да ги пренесеш на централната власт! Срам и брука! Што ќе им кажеш на Европа и Америка, што одиш против нивните стратегии?!
 
Те зема на шија ДУИ! Знаеш што вели народот за тебе?! Вели дека си на добар пат да станеш нов Груевски! Но не си. Јас сум невролог и многу сум ја проучувал човечката личност и ти не си како Груевски, но опкружен си со погрешни луѓе и ризикуваш да станеш! Во моментов одиш само надолу и надолу!
 
Зоране, те потсетувам дека работиш како премиер на државава, затоа стави прст на глава и немој да бидеш како Груевски! Што правиш вака? Ти како да играш оксан, а плочки се жителите на Гостивар! A воедно се земаш себеси на шија!
 
И на крајот, почитуван Зоран:
 
Функцијата премиер ти ја довери народот, не се поигрувај со неа! Особено сега е многу опасно за судбината на државата да се поигруваш со народот!
 
Поздрав од Гостивар! Арбен Таравари.

 

уредник

Related Posts

Во Прилеп денеска протест против донесувањето на Законот за употреба на јазиците. Блокада на булеварот „Гоце Делчев“

Коментарите се исклучени на Во Прилеп денеска протест против донесувањето на Законот за употреба на јазиците. Блокада на булеварот „Гоце Делчев“

Битолчани со пофалби за јавната чешма кај Саат Кулата во центарот на градот

Коментарите се исклучени на Битолчани со пофалби за јавната чешма кај Саат Кулата во центарот на градот

Се огласи министерство за култура, демантира дека вечерва ќе се отстранува споменикот „Воин на коњ“

Коментарите се исклучени на Се огласи министерство за култура, демантира дека вечерва ќе се отстранува споменикот „Воин на коњ“

Млади за Македонија со апел: Ако видите на протестот лица со фантомки да знаете тие се дојдени за да направат инцидент

Коментарите се исклучени на Млади за Македонија со апел: Ако видите на протестот лица со фантомки да знаете тие се дојдени за да направат инцидент

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд

Коментарите се исклучени на Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд

Aктерот Владо Јовановски по повеќе од два месеца излегува од притворот во Шутка

Коментарите се исклучени на Aктерот Владо Јовановски по повеќе од два месеца излегува од притворот во Шутка

Create Account



Log In Your Account