Полицијата кај Мала Речица запрела возило, во торба на задното седиште пронашле автоматска пушка и рамка со шест куршуми

Share Button

Денеска (20.02.2018) околу 11.45 часот, по претходно добиени сознанија, на ул. „172“ во с.Мала Речица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко возило „Фолксфаген лупо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.М. (33) од с.Горно Седларце, тетовско.
При преглед на возилото, во торба на задното седиште, била пронајдена автоматска пушка и рамка со шест куршуми. Р.М. e приведен и задржан во Полициската станица Тетово, а обезбедено e и возилото што го управувал.
Подоцна, во станот во кој живеел под кирија во Тетово, биле пронајдени 26 куршуми со калибар од 7,62 милиметри.
По целосно документирање на случајот, во кооrдинација со јавен обвинител, против Р.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.- информираат од МВР