13 годишно девојче трипати силувано: За 500 евра, таткото не можел да го докаже случајот

13 годишно девојче трипати силувано: За 500 евра, таткото не можел да го докаже случајот

Коментарите се исклучени на 13 годишно девојче трипати силувано: За 500 евра, таткото не можел да го докаже случајот
Share Button

На прв поглед, оваа зграда изгледа како институција во која треба да има деца, но приказната зад овие ѕидови е сосем поинаква. Ова момче кое седи во ходникот на Домот „25 Мај“ и пуши цигара како возрасен маж, има само 13 години. Иако тоа го прави внатре во објектот, никој не му вели дека пушењето е забрането.

Овој објект е безбеден само кога доаѓаат новинарите, бидејќи тогаш целиот персонал се грижи камерите да не снимат нешто со што ќе се наруши угледот на институцијата.

Силуваното девојче за кое изминативе неколку недели континуирано се зборуваше во медиумите го познаваат речиси сите во овој дом. Иако сите слушнале за случајот, само еден од нејзините врсници се охрабри да проговори за тоа.

Вели дека девојчето не го видел речиси 8 месеци, а додека престојувала во овој дом, два пати и подметнале пожар во собата во која спие. Иако ова е центар за згрижување на деца, овде се сместени и цели семејства кои велат дека тука се само привремено.

Од управата велат дека случајот со силуваното девојче не се случил во објектот на Домот “25 Мај“ туку во објектот „Ранка Милановиќ“. Во „25 Мај“ има 25 деца напуштени од семејствата, додека во „Ранка Милановиќ“ има 18 деца, кои според вработените, се попроблематични и се деца кои веќе извршиле некакво незаконско дело.

И во домот „Ранка Милановиќ“ состојбата не е подобра. Вратите се отворени, а се собираат и лица кои не живеат тука.

Екипи на Народниот правобранител дојдоа за да утврдат што навистина се случувало, а ОЈО веќе отворило истрага за предметот. Јавното обвинителство во Велес веќе има едно осомничено лице за кое, побарале од Судска медицина да се направат анализи. Ова не е прв случај истото девојче да биде мета на педофили.

Минатата година, нејзиниот татко го пријавил случајот во полиција дека неговата ќерка била силувана во Струга, а полицијата само го регистрирала случајот. Бидејќи случајот не бил проследен од полицијата до надлежните органи, нејзиниот татко Шефќет побарал од Институтот за судска медицина да ги направи анализите за да се утврди сексуалното насилство врз неговата ќерка, но оттаму му побарале 500 евра, пари кои не можел да ги обезбеди.

Социјалниот центар е од отворен тип, што значи дека децата имаат право да излегуваат надвор кога сакаат, а вработените не можат да ги спречат. Од Домот „25 Мај“ велат дека секој пат кога девојчето се оддалечувало од домот, полицијата била информирана.

уредник

Related Posts

Рашковски и Алаѓозовски заминуваат од Владата – Десковска и Николовски од образование и земјоделство

Коментарите се исклучени на Рашковски и Алаѓозовски заминуваат од Владата – Десковска и Николовски од образование и земјоделство

Нови закани за Селмани: Ќе ви го запалиме семејството

Коментарите се исклучени на Нови закани за Селмани: Ќе ви го запалиме семејството

Create Account



Log In Your Account