МВР ги информира јавноста и возачите за законските измени за управување со моторни возила

МВР ги информира јавноста и возачите за законските измени за управување со моторни возила

Коментарите се исклучени на МВР ги информира јавноста и возачите за законските измени за управување со моторни возила
Share Button

Министерството за внатрешни работи објавува информација во врска со законските измени за управување со моторни возила.Со Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата од 18.1.2018 година, посочуваат од МВР, направени се законски измени, според кои:

– Возачката дозвола се издава со рок на важење од десет години, а на лицата постари од 70 години – со рок на важење до три години. Според стариот Закон старосната граница беше со 65-годишна возраст. Исто така, возачката  дозвола им се издава со рок на важност до денот на навршувањето на 70 години возраст. Според стариот Закон, старосната граница беше со 65-годишна возраст.

– На контролен здравствен преглед задолжително подлежи возач кој наполнил 70 години возраст, во временски интервали кои не можат да бидат подолги од три години. Според стариот Закон, старосната граница беше со 65-годишна возраст.

– Дете може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило од Б-категорија доколку има наполнето 17 години возраст наместо 16 години, според стариот Закон.

– Со трактор може да управува лице кое треба да има наполнето  17 години.

уредник

Related Posts

ПРОТЕСТИ ПРЕД СОБРАНИЕ ПРОТИВ УПОТРЕБА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ

Коментарите се исклучени на ПРОТЕСТИ ПРЕД СОБРАНИЕ ПРОТИВ УПОТРЕБА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ

Неразбран народ!Ги изместија млазниците од фонтаната не мислејќи дека може да се оштетат

Коментарите се исклучени на Неразбран народ!Ги изместија млазниците од фонтаната не мислејќи дека може да се оштетат

Create Account



Log In Your Account