Заев: Монтруозноста во ЈУ „25 Мај“ мора да се казни најстрого

Јас сум еден од поддржувачите на максимално казнување на злосторниците кои и наштетиле на штитениката од Домот „25 Мај“, заради тоа што само преку максимални казни ќе ја испратиме пораката тоа да не се повтори никогаш повеќе, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи му на пратеникот Амди Бајрам на пратеничко прашање.

Премиерот истакна дека ова монструозно нешто што му се случи на девојчето од „25 Мај“ не треба да му се случи на ниту едно дете без разлика дали е во домовите или со своите семејства.