Aктерот Владо Јовановски по повеќе од два месеца излегува од притворот во Шутка

Share Button

Апелациониот суд ја прифати неговата жалба и одлучи мерката да ја ублажи со куќен притвор, а судот ќе му го одземе и пасошот.

Во притвор останува пратеникот Крсто Мукоски, неговата жалба апелационите судии не ја прифатија иако тој се пожали дека сериозно му е нарушено како физичкото така и психичкото здравје.

Пратеникот Љубен Арнаудов, како и организаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски и Богдан Илиевски добија преиначување на мерката притвор со домашен притвор и излегоа од затворот во Шуто Оризари