Притвор за лицето што ја терало штитеничката од „25 Мај“ да дава сексуални услуги за пари

Притвор за лицето што ја терало штитеничката од „25 Мај“ да дава сексуални услуги за пари

Коментарите се исклучени на Притвор за лицето што ја терало штитеничката од „25 Мај“ да дава сексуални услуги за пари
Share Button

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги написите во врска со случајот на штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје отвори предмет по допрен глас.

Надлежен јавен обвинител по спроведени предистражни дејствија во координација со Министерството за внатрешни работи, денеска донел наредба за спроведување на истрага против едно лице. На лицето му се става на товар дека сторило кривично дело Трговија со дете од чл.418-г ст.2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик, за кое дело е предвидена казна затвор од најмалку 10 години.

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје на осомниченото лице му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.​

уредник

Related Posts

Истепани лекари од роднини на пациенти, на докторка и нанеле тешки телесни повреди

Коментарите се исклучени на Истепани лекари од роднини на пациенти, на докторка и нанеле тешки телесни повреди

Битолчанец во полиција пријавил дека исчезнала неговата сопруга

Коментарите се исклучени на Битолчанец во полиција пријавил дека исчезнала неговата сопруга

Демонстрант приведен при вчерашниот протест пред Собранието

Коментарите се исклучени на Демонстрант приведен при вчерашниот протест пред Собранието

Битола:Хигиеничар истепал 14 годишник во училиште

Коментарите се исклучени на Битола:Хигиеничар истепал 14 годишник во училиште

Create Account



Log In Your Account