Од 18:15 часот, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир

Од 18:15 часот, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Забрани за тешки товарни возила се уште има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на Крива Паланка – г. п. Деве Баир.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и со остатоци од кашест снег.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.