Во вечерните часови во западните делови ќе има поинтензивни врнежи од снег

Во вечерните часови во западните делови ќе има поинтензивни врнежи од снег

Коментарите се исклучени на Во вечерните часови во западните делови ќе има поинтензивни врнежи од снег
Share Button

Денес во вечерните часови во западните делови ќе има поинтензивни врнежи од снег, а во втората половина од ноќта ќе се прошират кон северните делови и на некои пониски места ќе поминуваат во дожд. Локално ќе има и појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утре ќе има повремени врнежи претежно од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде до сабота наутро локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. За време на викендот се уште ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а само на планините над 2000 м.н.в. ќе има повремен снег. Во останатиот дел од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во сабота ќе дува и повремено засилен западен ветер, поизразен на југот од земјава. Ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка.

уредник

Related Posts

Горивата поевтинуваат за 2,5 денари по литар

Коментарите се исклучени на Горивата поевтинуваат за 2,5 денари по литар

Во Струмица на улица…”си работат”

Коментарите се исклучени на Во Струмица на улица…”си работат”

ГДУ БИТОЛА: БУКЕТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАТАША ПЕТРОВСКА ,ЗАСАДЕН ВО ДУПКА НА УЛИЦА

Коментарите се исклучени на ГДУ БИТОЛА: БУКЕТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАТАША ПЕТРОВСКА ,ЗАСАДЕН ВО ДУПКА НА УЛИЦА

Create Account



Log In Your Account