Кај Рашче се излеа Вардар

Излевањето на реката Вардар поплави делови од селото Рашче во општина Сарај. Најголеми штети се предизвикани во нивите. Жителите велат дека со овој проблем се соочуваат после секој посериозен дожд.

Под вода е цело време од пролет и кога е време за сеидба на житото. Секогаш имаме проблеми. Не знам до кога вака и како ќе се реши проблемот. Треба да се реши проблемот, тука поминува народ и им се расипуваат возилата“.

Овој проблем се случува често пати. Нивите не ги сееме поради водата. Ги оставивме така“.

Целото поле не е посејано. Не можеме да сееме ништо. Овој проблем постои веќе 10 години. Освен општината и државата, ние не можеме да направиме ништо“, рекоа неколкумина жители.

Жителите на Рашче се жалат дека општината Сарај досега не презела ништо за да се реши нивниот проблем.

Баравме од општината да ни помогне, но ништо“.

Општината не презема никакви мерки. Ако се преземаат некои мерки можеби ќе се среди нешто. Баравме од општината, но тие не преземаат ништо“.

Општината, но и селото треба да преземе нешто“, реагираат жителите на Рашче.

Од општина Сарај велат дека немаат средства за долгорочно решение на овој проблем.

Општината е во потрага по долгорочно решение. Во преговори сме со Град Скопје за составување проект за да се среди коритото на реката Вардар“, изјави Џелал Јакупи, секретар на општина Сарај.

Жителите од Рашче стравуваат дека при нови посериозни врнежи, освен полето, може да се поплават и нивните домови долж реката.- јавува Алсат