Манијак се самозадоволува пред ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром (ФОТО)

Share Button

Повозрасен маж со црна капа на главата, кој низ градот се движи со велосипед, денеска се самозадоволувал пред основното училиште „Љубен Лапе“ во Аердром.

Препрлашени, децата кои си оделе по првата смена, им јавиле на родителите, а набрзо откако мајка успеала да го фотографира, избегал.

Родителите се загрижени за безбедноста на нивните деца, особено што ова не е изолиран случај – неодамна беа пријавени повеќе случаи на манијаци кои своите болни страсти ги задоволуваат околу училишта. Се претпоставува дека овој човек е истиот кој неодамна беше пријавен во Кисела Вода.