Над 500 000 евра за патарини и бензин, пратениците играат „ново оро на стара песна“

Над 500 000 евра за патарини и бензин, пратениците играат „ново оро на стара песна“

Коментарите се исклучени на Над 500 000 евра за патарини и бензин, пратениците играат „ново оро на стара песна“
Share Button

За половина милион евра е олеснет државниот буџет за патните трошоци на народните избраници во периодот март – ноември 2017 година.  Бројките ги обезбеди агенцијата Макфакс преку барања за слободен пристап до информации.

Пресметките велат дека секој пратеник за девет месеци работа во Скопје побарал надомест за гориво и патарини,  по околу 10 до 12 илјади евра. На месечно ниво од сметката на Собранието за патување се одлевале по околу 50 илјади евра. Дури и во март и октомври кога во Парламентот немаше редовни седници ниту комисии, вели за ТВ21 новинарката Кристина Озимец, една од авторките на истражувањето:

Најголем број од пратениците кои покрај платата се офајдиле со значајна сума за надомест на патните трошоци се од владеачката СДСМ – 10. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ -8, и по еден пратеник од „Алијанса за Албанците“ и ПЕИ. Токму пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ кој патувал од Струга и назад,  е на врвот на листата според висината на исплатата – 12 847 евра. На  второ место е пратеничката од СДСМ, Мира Стојчевска која патува  од Битола и назад,  – со исплатени  11.736 евра, а на трето место е Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, која за девет месеци за гориво и патарини има наплатено без малку 11.500 евра.

Со исплата над 10 илјади евра според официјалните податоци се и пратеникот од Алијансата за Албанците Сурија Рашиди  и генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски . Васко Ковачевски Јован Митрески, Јагода Шахпаска, Жаклина Лазаревска, Бети Рабаџиевска-Наумовска сите од СДСМ  побарале нешто помалку од 10 илјади евра, а со слични суми се исплатени и  пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска, Драган Цуклев, Зоран Илиоски и Емилија Александрова.

Сурија Рашиди                          11.164 евра

Александар Кирацовски         11.065 евра

Инаку, владеачката СДСМ пред 2 месеци поднесе иницијатива за измени на правилникот, односно за намалување на патните трошоци на пратениците. Според предлогот се бара наместо 30 отсто од цената за потрошен литар бензин, да се добива 15 отсто. Но освен законската рамка, според новинарката Озимец, се работи и за морал и политичка култура за рационално трошење на парите на граѓаните.

Првата асоцијација во јавноста за големи исплати за патни трошоци и натаму е пратеничката од сега опозициската ВМРО ДПМНЕ Силвана Бонева, за која СЈО веќе отвори истрага под сомневање дека вршела малверзации со фискалните сметки од патарините.

Иле Петревски

уредник

Related Posts

Две и полгодишно дете почина на Детската клиника

Коментарите се исклучени на Две и полгодишно дете почина на Детската клиника

Народниот правобранител: Надлежните да преземат мерки и да обезбедат училишта без насилство

Коментарите се исклучени на Народниот правобранител: Надлежните да преземат мерки и да обезбедат училишта без насилство

ВИДЕО: Приведување во Битола поради кренато македонско знаме

Коментарите се исклучени на ВИДЕО: Приведување во Битола поради кренато македонско знаме

Create Account



Log In Your Account