НАЈНОВО :

Затворската полиција денеска со протестен марш за подобри права

Затворската полиција денеска со протестен марш за подобри права

Затворската полиција денеска со протестен марш за подобри права

Коментарите се исклучени на Затворската полиција денеска со протестен марш за подобри права
Share Button

Протестен марш, денеска се одржа во Скопје од страна на затворската полиција и администрација.Маршот беше во организација на Независниот синдикат на полицијата а барањата беа следни:

-подобрување на правата на затворската полиција и администрација во затворите

  • зголемување на вредноста на бодот
  • нови вработувања

.

Маршот почна пред зградата на МРТ и продолжи покрај Владата  и Министерството за финансии.

За надминување на проблемите, како што беше истакнато на маршот, се неопходни дополнителни пари со ребаланс на Буџетот за 2018 година, нов закон за извршување и санкции и потпишување колективен договор за затворската полиција и администрацијата.

– На министерот за финансии веќе му е доставен документ со кој го потсетуваме дека ќе мора многу бргу со ребалансна сума на Буџетот да го корегира делот на парите кој се однесува на судските полицајци и да почне со разгледување на барањата за затворската полиција која не е влезена во тој ребаланс, изјави Гоце Делчев  Тодев, претседател на Независниот синдикат на полицијата.

Учесниците на маршот потенцираа дека барањата ги доставиле до надлежните институции во декември лани, но, како што велат, се уште нема одговор.

С.А

уредник

Related Posts

Граѓаните излегоа на плоштад Македонија: Ќе се урива ли споменикот „Воин на коњ“

Коментарите се исклучени на Граѓаните излегоа на плоштад Македонија: Ќе се урива ли споменикот „Воин на коњ“

И во Битола многу високо ниво на загаденост

Коментарите се исклучени на И во Битола многу високо ниво на загаденост

Create Account



Log In Your Account