НАЈНОВО :

Утре протест: „Сите копилиња напладне пред Влада!“

Утре протест: „Сите копилиња напладне пред Влада!“

Коментарите се исклучени на Утре протест: „Сите копилиња напладне пред Влада!“
Share Button

Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, попладнево преку својот Фејсбук профил повика на протест утре пред Влада, поради заканите од Бекир Асани и неговиот брат кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

-Утре (понеделник 12.март) во 11 часот се собираме пред ЗНМ, од каде по кусата координација ќе се упатиме пред Владата на Република Македонија од која со протест во 12 часот ќе побараме на дело да покаже дека се залага за функионирање на секој сегмент на правната држава, особено кога во прашање е слободата на говор и физичкиот интегритет на новинарите. Повод за протестот се заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, од страна на висок партиски функционер на коалициониот партнер во владата, ДУИ, Бекир Асани. Контроверзниот Асани ужива углед на недопирливост и неказнивост, а неговите последни навреди и закани упатени кон Селмани имаат цел да ги заплашат сите новинари. Ова не е само протест за поддршка на колегата Насер Селмани, кој е изложен на сериозни закани и притисок, туку и порака до сите граѓани кои се загрижени за окрепнувањето и чувањето на темелните вредности на правната држава како слободата на говор и владеењето на правото. СИТЕ КОПИЛИЊА НА ПЛАДНЕ ПРЕД ВЛАДА!, напиша Чаусидис.

Fokus

уредник

Related Posts

ВМРО – ДПМНЕ: Дојде животот за братот на Градоначалничката на Битола

Коментарите се исклучени на ВМРО – ДПМНЕ: Дојде животот за братот на Градоначалничката на Битола

Поплавени куќи во Црешево и Стајковци

Коментарите се исклучени на Поплавени куќи во Црешево и Стајковци

Се јави Владата на Р. Македонија: Дали вечерва ќе се отстранува „Воинот на коњ“?

Коментарите се исклучени на Се јави Владата на Р. Македонија: Дали вечерва ќе се отстранува „Воинот на коњ“?

Утре повисоки дневни температури

Коментарите се исклучени на Утре повисоки дневни температури

Граѓаните излегоа на плоштад Македонија: Ќе се урива ли споменикот „Воин на коњ“

Коментарите се исклучени на Граѓаните излегоа на плоштад Македонија: Ќе се урива ли споменикот „Воин на коњ“

Create Account



Log In Your Account