Со транспаренти “И јас сум копиле”протест на новинарите пред Владата

Share Button

Со транспаренти на кои пишува “И јас сум копиле”пред Владата на Република Македонија во тек е новинарскиот протест.

Протестот е за поддршка на претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани откако претходно Беќир Асани го нарече „копиле“.

Тамара Чаусидис, претседателка на Синдикатот на новинари бара од Основното јавно обвинителство да постапуваат по службена должност.

(фото Фокус.мк)

„Она што му се случува на Селмани се однесува на сите нас. Од институциите да си ја вршат работата. Ни требаат дела, а не соопштенија за солидарност.