Телма да ја повлече одлуката за цензурирање на емисијата „КОД“побара ЗНМ

Телма да ја повлече одлуката за цензурирање на емисијата „КОД“побара ЗНМ

Коментарите се исклучени на Телма да ја повлече одлуката за цензурирање на емисијата „КОД“побара ЗНМ
Share Button

Телевизија Телма да ја повлече одлуката за цензурирање на емисијата „КОД“ на Снежана Лупевска – Созен, побараа од Здружението на новинари (ЗНМ). Оттаму ја повикаа и Владата да престане за затвора очи пред цензурата на медиумите.

– Поразително е за Македонија како земја, за нас како граѓани, да се применува брутална цензура пред очите на македонската јавност. Сопственикот, менаџментот и главниот уредник на Телма, со овој срамен чин, го девалвираат македонскиот устав, со кој се забранува цензура – велат од ЗНМ.

Од ЗНМ додаваат дека Македонија нема да се демократизира и да се интегрира во европското семјество на слободни народи со цензура во медиумите.

– За да биде уште потрагично, ова брутално газење на слободата на медиумите ѝ се случува на Владата која јавно ни вети дека никогаш повеќе нема да дозволи притисоци и цензура во медиумите како во времето на режимот на Груевски. Крајно време е да разбере дека не може да ги затвора очите пред овие брутални форми на цензура во медиумите. Треба веднаш да реагира и да им посочи на медиумските тајкуни дека тие се сопственици на медиумите, но дека новинарската професија е на новинарите и не смеат да се мешаат во нивната работа – велат од Здружението.

Тие ја повикуваат Телма да ја повлече оваа одлука за цензурирање на емисијата и да ги санкционира одговорните за оваа одлука.

– Ако не се спроведат нашите барања ќе ги преземеме сите мерки што ги имаме на располагање за да ги заштитиме правата на нашите колеги, но и правото на јавноста да биде информирана – велат од ЗНМ.

Главниот и одговорен уредник на телевизија Телма, Атанас Кировски, не сакаше да ја коментира одлуката за повлекување на прилогот. Тој само кажа дека ова е сензитивно прашање и посочи дека прво ќе расчистат некои ситуации во редакцијата, па потоа ќе видат што ќе прават понатаму.

уредник

Related Posts

Ќе се затворат неколку улици во Охрид, полицијата апелира за дислокација на возилата

Коментарите се исклучени на Ќе се затворат неколку улици во Охрид, полицијата апелира за дислокација на возилата

Create Account



Log In Your Account