Со завршната сметка гледаме дека Наташа Петровска лажеше за висината на долгот, Битола не должи 13.5, туку 3.5 милиони евра

Со завршната сметка гледаме дека Наташа Петровска лажеше за висината на долгот, Битола не должи 13.5, туку 3.5 милиони евра

Коментарите се исклучени на Со завршната сметка гледаме дека Наташа Петровска лажеше за висината на долгот, Битола не должи 13.5, туку 3.5 милиони евра
Share Button

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Борче Димитровски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола

Почитувани,

СДСМ и градоначалничката Наташа Петровска, ги излажаа граѓаните.

Градоначалничката Наташа Петровска на прес конференција на 10 ноември кажа дека долгот на општината е 13.5 милиони евра. Сега истата таа Петровска достави завршна сметка потпишана од неа, во која стои дека побарувањата на Општина Битола изнесуваат 5.5 милиони евра, а обврските, односно долговите 3.5 милиони евра.

Изнесените невистини се уште подрастични бидејќи како долгови се вкалкулирани над 1 милион евра обврски по судски постапки кои се во тек, а не се завршени со правосилна пресуда, ова отвора секако дополнителни прашања по однос на вистинитоста на овој податок.

Ова претставува грубо поигрување и манипулација со граѓаните.

Ако досега говоревме за алиби политика, ароганција и лицемерие, после доставувањето на завршната сметка на Општина Битола очигледно е дека станува збор за луѓе кои се служат со груби лаги и невистини.

Почитувани,

Очигледно скандалозното работење е вистинското лице на новата локална самоуправа во Битола, после овие груби лаги и недоследности, само со цел за стекнување на алиби и евтин публицитет, не знам како воопшто да и се верува на оваа локална самоуправа која треба да го види градот следните 3 и пол години.

Паролата „живот за сите“ е всушност „лицемерие и лаги за сите“!

13 март, 2018 – 10:16

уредник

Related Posts

СКАНДАЛ:КИРАЦОВСКИ, ДО КОГА СО ТВОЈОТ МИЛЕНИК „МАКТЕЛ“ ЌЕ СПИНУВАТЕ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МАЛЦИНСТВО ВО МАКЕДОНИЈА?!

Коментарите се исклучени на СКАНДАЛ:КИРАЦОВСКИ, ДО КОГА СО ТВОЈОТ МИЛЕНИК „МАКТЕЛ“ ЌЕ СПИНУВАТЕ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МАЛЦИНСТВО ВО МАКЕДОНИЈА?!

Се слушам ама ништо не гледам е работата! Градски парк ноќе

Коментарите се исклучени на Се слушам ама ништо не гледам е работата! Градски парк ноќе

Create Account



Log In Your Account