Инцидент во Собранието: За влакно избегната физичка пресметка помеѓу Груевски и Талат Џафери

Share Button

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му ја зема картичката на собранискиот спикер Џафери додека ја отвораше точката за Законот за употреба на јазиците. Груевски се надвисна над него и во моментот кога Џафери го напушти столчето , Груевски се испречи пред него при што за секунда не дојде до физички контакт.

Сите пратеници изреагираа и скокнаа од своите места. Тогаш реагираше собраниското обезбедување, а Џафери рече еве каков е  поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при што Џафери ја напушти собраниската сала, но и Груевски.

Пратениците се уште во салата, а собраниското место во моментов го бришат, бидејќи очигледно Груевски му ја истурил водата на Џафери.- јавува http://24vesti.mk/