Протестот пред Собранието продолжува

Се уште трае протестот пред Собранието на Република Македонија преку кој граѓаните искажуваат револт дека се против донесувањето на Законот за употреба на јазиците. Протестот од самиот почеток е мирен и без инциденти , има многубројни екипи на медиуми но и полициско обезбедување

Во исто време во законодавниот дом се одржува 32. собраниска седница, на чиј дневен ред е третото читање на законот и над 35.000 амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.