Заев: Законот за јазиците ја доби поддршката од мнозинството граѓани на избори

Заев: Законот за јазиците ја доби поддршката од мнозинството граѓани на избори

Заев: Законот за јазиците ја доби поддршката од мнозинството граѓани на избори

Коментарите се исклучени на Заев: Законот за јазиците ја доби поддршката од мнозинството граѓани на избори
Share Button

Законот за употреба на јазиците, кој вчера го донесе Собранието, е сериозен придонес во градењето на концептот „Едно општество за сите граѓани“, изјави денеска премиерот, Зоран Заев.

Како што истакна премиерот во обраќањето, се работи за наша и европска вредност, која ја добила поддршката од мнозинството граѓани на последните парламентарни избори, но и на локалните избори.

„Таа вредност, Македонија – земја на сите граѓани, е концепт и патоказ за нашата иднина. Се определивме за политики што ја градат Република Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници“, подвлекува Заев.

Како што истакна премиерот, законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5 кои се донесени пред 17 години. Тој воедно додаде дека никој не e, и не може да биде над Уставот.

„Со унапредувањето на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите. Непречената комуникација на граѓаните е цивилизациска придобивка. Истовремено, овој закон целосно ја гарантира соодветната употреба на македонскиот јазик“, рече Заев.

Тој воедно додаде дека сега е време да се отфрлат политиките на поделби, раздор и конфликт, кои, како што кажам, се во спротивност со нашите и европските вредности.

„Наша должност и одговорност треба да бидат интересите на сите граѓани без исклучок. Нема разумно оправдување во блокадата на политичките процеси и на политичките институции како што е Собранието. Наместо тоа, време е сите ние, политичарите, да ја преземеме одговорноста што им ја ветивме на граѓаните и да ги заокружиме реформските процеси во Република Македонија“, истакна премиерот во своето обраќање.

уредник

Related Posts

Се урна руски хеликоптер

Коментарите се исклучени на Се урна руски хеликоптер

Create Account



Log In Your Account