Полицијата ги чува домовите на пратениците на СДСМ

Силни полициски сили од вчера попладне ги обезбедуваат домовите на пратениците на СДСМ кои гласаа за законот за двојазичност, дознава „Република“.

Полицијата е стационирана пред се пред домовите на пратениците од внатрешноста, а полициските кордони се поставени пред домовите на пратениците. Голем дел од нив, воопшто се немаат вратено во нивните градови.

Од МВР не откриваат која е потребата да се распоредат полициски сили на овие локации и дали власта во овој момент се плаши од реакциите на граѓаните.

Инаку, синоќа било запалено возилото на пратеничката на СДСМ од Виница, Славиц Шуманска – Митева

извор http://republika.mk