НА 21 и 22 МАРТ ГОЛЕМА СВЕЧЕНА ХРАМОВА СЛАВА ,БИТОЛА ЌЕ ГИ СЛАВИ СВЕТИТЕ 40 МАЧЕНИЦИ НА КРКАРДАШ

Share Button

Како и секоја година, така и оваа, драги и возљубени браќа и сестри во Исуса Христа Бога Воскреснатиот, на 21 и 22 Март, со радост ви соопштуваме дека во Манастирот на Светите четириесет Битолски и Севастополски Преподобни Маченици над Битолскиот Смилевски Баир, на Кркардаш во Битола, ќе се отслужи Празнична Вечерна Богослужба на 21 Март – Среда, во нивниот свет храм, со целивање на каменот на безоглавените 40 Св. Маченици Христови и нивната Икона од Пресветата Канонизација од неодамна… Освен тоа и на Севастијските славни маченици, кои пострадале во времето на Царот Ликиниј… Во храмовиот двор, ќе се поставуваат тезги, панаѓури, со многу свечености…
На 22 Март ќе има Света архиерејска божествена литургија во храмот на Крк Кардаш, со почеток во 08 : 00
Повелете на оваа прекрасна свечена Храмова Слава !
Бог, по молитвите на Светите 40 Битолски и Севастополски маченици, на неговата Пресвета Мајка Богородица и на сите Светии, да не спаси како добар, човекољубив и милостив !
За многу години празниците !
На многаја љета ! АМИН !- стои во известувањето од Битолски православни цркви/