КОМИТИ СО ПОРАКА ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ-делегатот го прекина мечот

Натпреварот меѓу Вардар и Ренова ќе трае малку подолго од предвиденото, затоа што судиите на натпреварот пред финишот на првиот дел го прекинаа мечот, поради национализам на навивачката група „Комити“, како што оцени делегатот.

Официјалниот спикер двапати предупреди да се навива фер и коректно, а откако скандирањата продолжија, судијата Дејан Јакимовски означи прекин.

По консултација со капитените, по неколку минути натпреварот продолжи, а беше испратено предупредување дека секое наредно скандирање ќе биде санкционирано со празнење на трибината.

На мечот воедно беше истакната и парола поврзана со моменталната политичка ситуација во државата.

-44 поданици, историјата ќе ве запамети како предавници, стои во транспарентот кој се однесува на пратениците на СДСМ кои гласаа за двојазична Македонија.