Кривични пријави за кражби во продавници за оружје

Кривични пријави за кражби во продавници за оружје

Кривични пријави за кражби во продавници за оружје

Коментарите се исклучени на Кривични пријави за кражби во продавници за оружје
Share Button

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.З. (27) поради сомнение за сторени три кривични дела (две – “тешка кражба“ и едно кривично дело – “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“), потоа против А.Ј. (23) и А.Б. (25), осомничени за две кривични дела – едно “тешка кражба“ и едно кривично дело “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. Исто така, поднесена е кривична пријава и против Б.Ј. (57) поради сомнение за сторено кривично дело “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

Со извршувањето на овие кривични дела сторителите се здобиле со противправна имотна корист од околу 4.800.000 денари. Имено, според документираните сознанија од истрагата, првото кривично дело пријавениот Б.З. со уште четири лица го извршил во периодот меѓу 11.11.2017 и 13.11.2017 година во продавница за ловна опрема и пиротехнички материјали лоцирана на ул.Васил Ѓоргов, од каде што одзеле 52 пиштоли и револвери од разни марки и калибри и три гасни пиштоли.

Второто кривично дело Б.З. го сторил зедно со пријавените А.Ј. и А.Б. на 09.12.2017 година во период од 00,15 до 03,15 часот во продавница за оружје и пиротехнички материјали лоцирана на ул.Кеј 13-ти Ноември во Скопје, од каде што одзеле 19 парчиња пиштоли од разни марки, девет пушки од разни марки, од кои пет ловечки, три малокалибарски и една воздушна пушка. Пријавените со одземените предмети со возило марка “Ауди караван“, управувано од А.Б. го напуштиле местото на настанот.

По претходно добиена судска наредба извршен е претрес на дом и други простории кај пријавените лица, при што кај второпријавениот А.Ј. е пронајдена поголема количина на оружје и муниција, како и во домот на четвртопријавениот Б.Ј Исто така, извршен е претрес на угостителски објект (сопственост на А.Ј.) каде што се пронајдени поголема количина на оружје и муниција.

уредник

Related Posts

Кичевчанец се обидел да силува шестгодишно девојче

Коментарите се исклучени на Кичевчанец се обидел да силува шестгодишно девојче

Тепачка во Центарот за бездомници во Чичино село

Коментарите се исклучени на Тепачка во Центарот за бездомници во Чичино село

Градина од марихуана во станот: Падна дилер на дрога во Скопје(галерија)

Коментарите се исклучени на Градина од марихуана во станот: Падна дилер на дрога во Скопје(галерија)

Силувачот поради кој девојчето од „25 Мај“ заврши онесвестена во болница, го признал делото

Коментарите се исклучени на Силувачот поради кој девојчето од „25 Мај“ заврши онесвестена во болница, го признал делото

Пејачот Влатко Илиевски утрово пронајден мртов

Коментарите се исклучени на Пејачот Влатко Илиевски утрово пронајден мртов

Create Account



Log In Your Account