Војник во касарната Петровец бил каменуван

Share Button

Професионален војник бил повреден откако неколку лица го каменувале, вчера во касарната во Петровец, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 18.30 часот во касарната „Страшо Пинџур“.

Професионалниот војник додека извршувал задачи на стражарското место кај хеликоптерското одделение, забележал три лица кои дошле со патничко возило.

Откако ги предупредил да се оддалечат од оградата од касарната бидејќи се работи за воен објект, лицата почнале да фрлаат со камења кон него, а потоа избегале.

На војникот му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „ 8 Септември“ и е пуштен на домашно лекување.
Се работи на целосно расчистување на случајот.