ВТОР ДЕН ОД РАБОТНАТА ПОСЕТА НА ГДУ ВО БРИСЕЛ

Делегацијата на ГДУ (Ѓорѓи Трендафилов, Енсер Јусуфовски и Димо Петкоски) во

вториот работен ден во рамките на панелот посветен на Земјите од Западен Балкан,
учествуваше во дебатата посветена на Реформите во Правосудниот Систем на
Република Албанија.
Позицијата на Владата на Република Албанија ја претставија Теута Водо, заменик
министер за правда и Елиса Спиропали, Комисија за соработка со ЕУ на албанскиот
парламент.
Повеќе од очигледно, е дека и соседите на Македонија кои не се дел од ЕУ, ги имааат
повеќе или помалку истите проблеми во многу сфери од секојдневното живеење.
Денешниот настан послужи како можност да се утврди дека според таквите прашања-
несомнено, владеењето на правото е на приоритетната листа.
Учесниците во дебатата (членови на ЕУ парламентот) јасно ја покажаа својата
подготвеност да се поддржат земјите аспиранти, истовремено, владите на тие земји да
манифестираат прогрес во реформите, особено во делот на овие чувствителни
прашања