Се огласи министерство за култура, демантира дека вечерва ќе се отстранува споменикот „Воин на коњ“

Share Button
Откако на социјалните мрежи почнаа да се шират шпекулации дека вечерва ќе се отстранува споменикот Воин на коњ на плоштадот Македонија, а за тоа наводно бил донесен и специјален кран од Бугарија, се јави Министерството за култура.

-Почитувани сограѓани, немојте да потпаѓате под влијание на лажни вести дека се случува отстранување на споменици од Плоштадот Македонија во Скопје.
Се работи за ноторни лаги и обид за манипулирање на граѓаните и потпалување на тензии, велат од Министерството.