Видео од запленетата марихуана во Кичево. МВР заплени 91 килограм марихуана

По претходно изготвен оперативен план, од страна на полициски службеници на влез во Кичево, сопрено е патничко моторно возило „Мерцедес“, а во исто време на излез од Кичево е сопрено и другото возило „БМВ“.

Трите лица кои биле во возилата се лишени од слобода. При извршениот преглед на “Мерцедесот“, биле пронајдени девет вреќи и една патна торба со марихуана.

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера во Кичево привело три лица од Скопје и запленило 91 килограм марихуана. Против тројцата, како и уште против три други лица, две од Струга и едно од Скопје, се поднесени кривични пријави.

Како што објасни портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, марихуаната била набавена во Албанија, а требало со автомобил да биде транспортирана до Скопје. Притоа, полицијата откако добиле сознанија за шверцот, на влез во Кичево бил сопрен автомобилот „мерцедес“, а потоа и автомобилот што му бил претходница. Дрогата била во девет вреќи и во една патна торба.

По кривичните пријави, на тројца скопјани на возраст од 22 и 24 години, судија на претходна постапка им одредил притвори од по 30 дена. Еден од вмешаните во шверцот издржува казна во затворот во Струга и бил префрлен во „Шутка“. Полицијата трага уште по двајца 23-годишници – едниот од Скопје, а вториот од Струга.