(фото)Каменот на кој биле отсечени главите на Светите 40 Битолски маченици!„Крк-кардаш“,„четириесет браќа“

(фото)Каменот на кој биле отсечени главите на Светите 40 Битолски маченици!„Крк-кардаш“,„четириесет браќа“

(фото)Каменот на кој биле отсечени главите на Светите 40 Битолски маченици!„Крк-кардаш“,„четириесет браќа“

Коментарите се исклучени на (фото)Каменот на кој биле отсечени главите на Светите 40 Битолски маченици!„Крк-кардаш“,„четириесет браќа“
Share Button

Во времето кога Османлиите тргнале да го завладеат Балканскиот Полуостров, градот Битола (нарекуван уште и Манастир поради бројноста на црквите, манастирите и скитовите) бил голем и добро утврден град. Животот во него прилегал на Црква Божја, а најголема скапоценост, пак, било бројното монаштво, сместено низ многуте манастири и скитови, внатре и надвор во неговата околина. Но општото зло што ги снашло христијaнските земји на Балканот во втората половина на XIV век, не го одминало ни овој, не малку значаен град. Имено, откако османлиските војски без борби го освоиле градот Прилеп, тие ја опколиле и ставиле под опсада Битола. Населението давало огромен отпор, не поради надмоќноста во бројност, или во оружје, туку поради храброста и пожртвуваниот дух, посветен целосно на верата и слободата. Но по четиримесечната опсада и тешките, жестоки битки што бојното поле го претвориле во алеја на пустош и беда, градот, по допуштение Божјо, конечно паднал во рацете на Османлиите. Според нивниот закон [, жителите на освоениот христијански град што ќе одбиел да се предаде, ја губеле личната слобода, а војниците на освојувачот имале право три дена неограничено да убиваат и ограбуваат.

Па така, откако Агарјаните  влегле низ градските ѕидини, следеле страшни настани: жителите биле убивани, жените силувани, свештениците, монасите и монахињите мачени и погубувани; храмовите биле ограбувани и сквернавени, а потоа и до темел палени. Целиот град што претходно имал обличје на еден голем и прекрасен манастир, почнал да потсетува на бедна и тажна слика од некој мрачен уметник, касапница на човечки тела, гнездо на ужас и страв. Улиците и сите градски населби биле претворени во губилиште – Голгота, а мртви тела имало насекаде. Градските зданија и тврдини биле претворени во пепел и прав.

Особено големо крвништво варварите покажале кон свештениците и монасите, коишто за сето време на борбите, непрестајно го поучувале и поткрепувале верниот народ, поттикнувајќи го да се бори до крај за својот Спасител и Творец – Христос, па и самите застанале цврсто во одбрана на своите светињи, своите огништа и гробовите на своите предци. Многу од жителите, поттикнати од благодатните проповеди на овие преподобни богоугодници, со радост оделе на губилиште, говорејќи: „Подобро смрт, отколку да Го предадеме Христа, единствениот вистински Бог, Кој ни дава живот вечен!“ Свети 40 Битолски Преподобномаченици Најревносните, пак, проповедници и чувари на верата, претежно млади продуховени и просветлени монаси, со неколкуте искусни обожени страци, сите заедно триесет и девет на број, од повеќе битолски манастири и скитови, кои, по Божја промисла, ги преживеале страшните настани, се повлекле во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“. Оттаму, тие преку молитви, утехи и беседи ги храбреле битолчани да не го жалат, па ако треба и да го дадат својот привремен живот само да не се откажат од својата прататковска вера во Христа, знаејќи дека така ќе придобијат бесмртен живот во слава и чест. Затоа водството на Агарјаните имало голема желба да ги зароби и некако да ги придобие овие монаси на своја страна, за откако ќе им го прекинат изворот на просветление на останатите битолчани, полесно да можат да ги поколебаат во верата и да ги наведат да му се подадат на учењето на нивниот пророк. По пат на предавство, Исмаилците успеале да откријат каде се кријат овие монаси, ја разбиле манастирската врата и ги заробиле браќата, коишто тогаш се наоѓале на утрено молитвено собрание.

Најпрвин жестоко ги измачиле, па потоа ги фрлиле в зандана, а утредента, доведувајќи им ги најдобрите мухамедански учители, започнале ласкаво да им се додворуваат и да ги убедуваат да се откажат од Христа. Мухамеданските првенци се обиделе најпрво со ветување на слобода, голема чест и земни блага, да ги наведат монасите да се откажат од својата вера. Но бидејќи браќата не сакале ни да слушнат за такво нешто, туку бескомпромисно изјавиле дека подобро би претрпеле и најлути маки, отколку да Го остават најслаткиот Исус, Агарјаните се обиделе преку теолошки дијалог да ја постигнат својата цел. Започнала препирка за тоа која вера е вистинската, при што монасите мудро одговарале, темелејќи ги своите зборови на Светото Писмо и светоотечкото предание и така постигнале победа во дијалогот. Откако го проследил со големо внимание овој дијалог, еден Турчин, кој се викал Хасан, а им служел како преведувач на препирачите, се восхитил и бил трогнат од неочекуваната духовна длабочина и големото христијанско смирение на овие блажени души. А восхитен и од необичната храброст на битолските монаси, како и нивната цврста вера, тој силно посакал своето мухамеданско верување да го промени во христијанско православие. Ранет длабоко во срцето од стрелата на Христовата љубов и благодат, тој громогласно извикал: – Голем е Бог на христијаните, и јас сум Христов! Навистина, роден сум како мухамеданец и воспитан во мухамеданскиот закон, но сега го примам Божјиот призив што ме повикува во царството на Исуса Христа, Синот Божји и Господ мој. Отфрлам секакво друго учење освен законот на добриот Христос! Ваквата ненадејна промена во однесувањето на угледниот султанов великодостојник, најпрво предизвикала недоумица кај Агарјаните, но гледајќи го неговото просветлено ангелско лице, тие ја увиделе цврстата определба на својот сонародник, па грубо нафрлајќи се на него, толку силно го претепале што на телото на маченикот не останало неповредено место.

Потоа го фрлиле во занданата, заедно со останатите Христови преподобномаченици. Преку ноќта, светите отци со голема љубов се погрижиле за него и подробно му го објасниле Евангелското учење. Целата таа ноќ тие ја поминале во непрестајни благодарења на Бога, славословија и усрдни молитви. Утредента, кога посрамените Агарјани увиделе дека монасите се непопустливи и бидејќи исполнети со безмерен гнев, ги осудиле на смрт сите четириесетмина и ги повеле кон височинката на Баирскиот рид [3], кај еден голем камен, што сè уште постои, за таму да им ги отсечат главите . Тоа високо ритче има таква местоположба, што може да се види од секое место во градот. Одејќи кон својата Голгота, светите биле радосни, како да одат на свадбена веселба. А кога стигнале на спомнатото место, пред да бидат посечени, тие Му се помолиле на Бога: да ги заштити децата и луѓето кои умираат за Него, да ги вразуми заблудените, да се смилува над градот и повторно да го подигне од урнатините, да им го врати скиптарот на христијанските цареви…

Веднаш потоа, во деветтиот ден од месецот март, во 1385 година од Раѓањето по плот на нашиот Спасител Господ Исус Христос, Осмaнлиите им ги отсекле главите и така преподобномачениците ја покажале својата бестрашност, извојувале неовенлива победа и го добиле венецот на славата од Господа, својот Подвигоположник, за да се радуваат вечно во Неговото царство, молејќи се за сите оние што верно го почитуваат нивниот свет спомен. Зајдоа овие светила на земјата, за да заблескаат уште посилно на небесата. Телата на светиите биле намерно расфрлени по тешко пристапни места, во горите на планината Баба, како храна на шумските ѕверови, за да не дојдат во рацете на христијаните и да се уништи споменот за нив.

Но споменот за нив никогаш не згаснал во срцата на верните, кои до наши дни, секоја година, на денот на нивното мачеништво, во голем број се собираат за да се поклонат во храмот изграден над каменот каде што била пролеана нивната света маченичка крв, и каде стануваат безброј и големи чудеса.Тоа место и ден денес се нарекува „Крк-кардаш“, што во превод од турски значи „четириесет браќа“.

На фотографијата е каменот на кој биле отсечени главите на 40 маченици битолски

уредник

Related Posts

Чудо на Свети Нектариј Егински: Исцелувањето на о. Нектариј (Виталис) од рак

Коментарите се исклучени на Чудо на Свети Нектариј Егински: Исцелувањето на о. Нектариј (Виталис) од рак

На 103-годишна возраст почина дедо Добри, праведникот од Бајлово

Коментарите се исклучени на На 103-годишна возраст почина дедо Добри, праведникот од Бајлово

Свети Јован Богослов – Свечена Слава и богослужба на манастирот кај Германски гробишта во Битола

Коментарите се исклучени на Свети Јован Богослов – Свечена Слава и богослужба на манастирот кај Германски гробишта во Битола

Денеска е Велики Четврток

Коментарите се исклучени на Денеска е Велики Четврток

Најнови фотографии црква Света Петка Битола , во црковниот двор и параклис

Коментарите се исклучени на Најнови фотографии црква Света Петка Битола , во црковниот двор и параклис

Create Account



Log In Your Account