Претседателот Иванов нема намера да го потпише указот за Законот за јазици – Без негов потпис, нема Закон !

Претседателот Иванов нема намера да го потпише указот за Законот за јазици – Без негов потпис, нема Закон !

Претседателот Иванов нема намера да го потпише указот за Законот за јазици – Без негов потпис, нема Закон !

Коментарите се исклучени на Претседателот Иванов нема намера да го потпише указот за Законот за јазици – Без негов потпис, нема Закон !
Share Button

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов останува на веќе изнесениот став за Законот за употреба на јазиците и за потпишувањето на указот за негово прогласување.

Иванов на 14 март по повторното донесување на законот во трето читање порача дека Уставот и совеста не му дозволуваат да стави потпис на указ за прогласување на таков закон.

Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа повторно го повика Иванов да го потпише законот. Џафери смета дека претседателот на државата има уставна одговорност да го потпише законот, кој со мнозинство е донесен од пратениците во второ читање. На прашањето дали ќе се побара импичмент за претседателот доколку постапува спротивно на Уставот, одговори дека во сегашните околности тоа не може да се спроведе бидејќи го нема двотретинското мнозинство во Собранието потребно за таа процедура.

Според Џафери, со законот за јазиците се заокружува правната рамка на Охридскиот рамковен договор, Македонците не губат ништо, а не губи ниту државата во смисла на нејзиниот унитарен карактер.

Претходно и премиерот Зоран Заев кажа дека Иванов треба да стави потпис и да овозможи законот да заживее, а за него да се изјаснат Уставниот суд и Венецијанската комисија. Одбивањето на претседателот Иванов да го потпише указот, Заев смета дека претставува „флагрантно кршење на Уставот и кукавичлук“.

уредник

Related Posts

Хах…смешки!Заев ќе ја спасува Општина Битола од нов „Транспортер“

Коментарите се исклучени на Хах…смешки!Заев ќе ја спасува Општина Битола од нов „Транспортер“

Create Account



Log In Your Account