(фото)Денес, Св. Богородица – Трново Битолско

Преубаво денес кај црквата Св. Богородица во Трново Битолско. Оваа црква Света Богородица во Трново е подигната во 1837.

Според истражувањата на Кокан Грчев во текот на воените операции разурнати се голем број манастири и цркви. Во декември 1916 година голем број објекти во селото Трново како и старата црква Света Богородица подигната во 1837 година се целосно разурнати и срамнети со земја. Повторното населување почнува во 1919 година кога почнува изградбата на разурнатото село. Во 1926 година се добиени одредени средства во вид на воена отштета, а се собрани и доброволни средства од Битолаи околните села со што е овозможено да почне изградбата на црквата. Иконостасот во црквата е изработен од Мијакот Нестор Алексиевски од Гари со своите синови, а во 1962 година доградена е камбанаријата како подарок од Џон Спиро, битолчанец иселеник во САД.

Еве денес како изгледаше трновската црква посветена на Богородица

поледнете ги и останатите фотографии и уживајте во убавината