А од Пасха до Цветници, само едно: Како ли беше возможно Него да Го распнеме?

Барем од Цветници до Пасха да се запрашаме: – Дали знаеме што правиме? – Дали знаеме што работиме? – Дали знаеме за кого работиме? – Дали знаеме со кого живееме? – Дали љубиме? – Дали почитуваме? – Дали сме послушни? – Дали се молиме? – Дали веруваме? – Дали се плашиме? – Од што се плашиме? – Што сакаме? – Кон што тежнееме? – За што живееме? – Дали сме смирени? – Дали се гневиме? – Зошто се лутиме? – На кого се инаетиме? – Дали судиме? – Дали постиме? – Богатство ли бараме? – Богохулиме ли? – Сквернавиме ли? – Дали колнеме? – Абортираме? – Блудничиме? – Лажеме? – Крадеме? – Растураме бракови и семејства? – Подвалуваме? – Клеветиме? – Лажно сведочиме? – Лапаме, сркаме? – Фантазираме? – Се караме ли? – Милостина, даваме ли? – Помагаме? – Скратуваме дневници? – Измачуваме? – Разжалостуваме? – Навредуваме? – Потценуваме? – Се гордееме? – Се трудиме? – Мислиме? – Се излежаваме? – Убиваме? – Оттуѓуваме? – Злоставуваме? – Мизеруваме? – Завиствуваме? – Денгубиме? – За греови сме? – Се кикотиме? – Се ситиме? – Кукаме? – И друго, и друго, и друго, и друго …… А од Пасха до Цветници, само едно: Како ли беше возможно Него да Го распнеме?

Кочовски Ѓорги

Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: https://pravoslavie.mk/od-tsvetnitsi-do-pasha/ .