Човекот прошепоти: „Господе, прозбори ми” и тогаш птица пропеа. Но. човекот не слушна

Share Button
Човекот прошепоти: „Господе, прозбори ми”
и тогаш птица пропеа.
Но. човекот не слушна.
Тогаш човекот извика: „Господе ,прозбори ми” и молња се спушти низ небото.
Но, човекот не слушна.
Човекот погледна наоколу и рече:„ Господе,дозволи ми да те видам”
и ѕвезда светна сјајно.
Но, човекот не забележа.
Човекот извика: „Господе, покажи ми чудо!.”
и живот беше роден.
Но, човекот не виде.
Па, човекот викна во очај: „Допри ме, Господе, и покажи ми дека си тука!”
При што, Бог се посегна и го допре човекот…
Но, човекот си ја избриша пеперутката и си продолжи по патот.