Денеска се слави Преподобниот маченик Јован и другите со него и Светата маченичка Фотина

Денеска се слави Преподобниот маченик Јован и другите со него и  Светата маченичка Фотина

Денеска се слави Преподобниот маченик Јован и другите со него и Светата маченичка Фотина

Коментарите се исклучени на Денеска се слави Преподобниот маченик Јован и другите со него и Светата маченичка Фотина
Share Button

Денеска 2-ри април 2018 година, според верскиот календар на МПЦ се слави Преподобниот маченик Јован

Тие се од обителта на Св. Сава Осветен кај Ерусалим. Овој славен манастир постои и денес. Повеќепати е напаѓан од дивите Арапи, но по Божја Промисла секогаш е обновуван и зачуван до денеска. Во времето на царувањето на Константин и Ирина Арапите го нападнаа и го ограбија. Монасите не сакаа да бегаат, а откако се посоветуваа со својот игумен Тома рекоа: „Ние побегнавме од светот во оваа пустина заради љубовта Христова. Срамота е да бегаме од пустината заради страв од луѓето. Ако н ѐ убијат овде, ќе бидеме убиени заради нашата љубов кон Христа, заради Кого и дојдовме да живееме овде.“ И откако вака одлучија невооружени ги дочекаа Арапите, како јагниња волци. Некои од нив Арапите ги убија со стрели, некои ги затворија во пештерата на Св. Сава, па наложија на влезот оган и ги загушија со чад. И така многумина од нив завршија како Христови маченици и се преселија во Царството на Оној Кого Го љубеа. Чесно пострадаа пред Велигден 796 година во времето на царувањето на Константин и Ирина, кога ерусалимски патријарх беше Илија. Дивите напаѓачи наскоро ги постигна праведна казна. На враќање кон своите шатори се испокараа и изгинаа борејќи се меѓу себе. Ова се случи 796 година.

Што се однесува пак до светата маченичка Фотина, житието за неа е следно:

Таа е жената Самарјанка која ја имаше ретката среќа да позборува со Самиот Господ Христос, на Јакововиот извор кај Сихем (Јован 4). Откако поверува во Исус Христос, таа тргна да го проповеда Евангелието заедно со своите двајца синови Виктор и Јосија и со петте сестри, коишто се викаа: Анатолија, Фота, Фотида, Параскева и Киријакија. Тие дојдоа во Картагена во Африка. Но во времето на царот Нерон ги осудија и ги доведоа во Рим, па ги фрлија во затвор. По Божја Промисла Домнина, ќерката на Нерон, дојде во допир со Света Фотина и ја прими Христовата вера. После затворот сите пострадаа за Христа. Фотина ја фрлија во бунар и таму го заврши земниот живот влегувајќи во бесмртното царство на Господ Христос.

 

уредник

Related Posts

Ексклузивна видео снимка:Πанаѓур пред црквата Св – Недела во Битола.1911г.

Коментарите се исклучени на Ексклузивна видео снимка:Πанаѓур пред црквата Св – Недела во Битола.1911г.

РЕКА НАРОД КОН КРКАРДАШ, ХРАМОВА СЛАВА НАД БИТОЛА”СВ.40 МАЧЕНИЦИ”ЗА МНОГУ ГОДИНИ!!!

Коментарите се исклучени на РЕКА НАРОД КОН КРКАРДАШ, ХРАМОВА СЛАВА НАД БИТОЛА”СВ.40 МАЧЕНИЦИ”ЗА МНОГУ ГОДИНИ!!!

Create Account



Log In Your Account