Прославен Денот на шегата во општина Новаци

Share Button

На 1 април членовите од семејството, колегите и пријателите ќе се обидат, а можеби и ќе успеат, да ве излажат или насамарат.Оваа традиција во светот постои веќе неколку векови, раширена е еднакво на Исток како и на Запад. Бидејќи денот на шегата беше во недела денеска беше прославен во општина Новаци.

Во општинскиот двор со најразлични маски продефилираа дечињата од Центарот за ран детски развој “Бамби” од  Новаци.

Како и секојa година така и оваа ја посетија општина Новаци и пријатно ги изненадија вработените. Продефилираа спајдермени, принцези, кувари, вештерки, штрумфети, пчелички,полицајци, кралеви и што уште не.

Ова е веќе редовна практика дечињата од игротеката Бамби за сите поголеми празници да ја посетат општината.

Легендата вели, а на легендите некогаш треба да веруваме, дека Французите во некои области во средниот век, Новата година ја славеле една недела: прославата почнувала на 25 март а завршувала на 1 април. Меѓутоа, во 1582 година се усвоил Грегоријанскиот календар, според кој Нова година се слави на 1 јануари. Очекувано за време без комуникации какво што го познавеме денес, оваа вест не стигнала на време до сите делови на Франција, па имало и такви кои Нова година и понатаму ја дочекувале на Први април.

Празникот настанал така што добро информираните ги исмевале другите.

Секако, оваа теорија има некои многу сериозни недостатоци, но бидејќи денеска е Ден на смеењето, а смеењето е лек за се, за грешките во теоријата можеби во некоја друга прилика.

Исто така, традицијата за Денот на шегата постои и на Исток. Имено, Иранците меѓусебно се шегуваат на 13 ден на Персиската Нова година, која паѓа на 1 или 2 април. Овој празник е воспоставен уште во 536 година п.н.е. се вика Сиздах Бедар и е најстара традиција на шегата од тие кои ги познаваме денес. Поради тоа се верува дека Први април има свои корени и во оваа традиција.