Мајката Божја на сон молела Београѓанец да ја врати иконата во Битола од каде што била украдена

Иконата Достојно ест е една од чудотворните икони на Пресвета Богородица. Според Преданието, токму пред таа икона светиот архангел Гавриил му го открил истоимениот славопој на монахот – испосник за време на заедничката Утрена. Имено, монахот примил некој странец во својата келија, и заедно со него започнале да служат Утрена. При крајот на деветтата песна на Канонот на Богородица, монахот започнал да ја пее „Го велича мојата душа Господа“ заедно со ирмосот „Почесна од Херувимите“. Потоа гостинот го започнал стихот „оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја“, по што испеал нешто што монахот никогаш претходно го немал чуено.

Тој поитал да земе камена плоча за да го запише текстот, по што гостинот со прст, како по восок го изрезбал текстот на камената плоча, по што го снемало.

Плочата на која била испишана „Достојно ест“ при крајот на 10 век била пренесена во Цариград. Од тој момент оваа икона се смета за една од најголемите светињи и заштитничка на Света Гора.

Интегралниот текст на теотокионот, откриен од светиот архангел Гавриил, и запишан на камена плоча со прст гласи:

Достојно е навистина
блажена да те нарекуваме, Богородице,
секогашблажена и пренепорочна,
и мајка на нашиот Бог.
Почесна од Херувимите
и неспоредливо пославна од Серафимите,
Бога – Логосот девствено што Го роди –
тебе – вистинската Богородица
ние те величаме.

Станува збор за икона посветена на Мајката Божја од 1748 година, која според молитвите е позната и како Достојно ест, прв пат била насликана во светогорските манастири. Талва икона пред неколку децении била украдена од црквата на Пресвета Богородица во Битола, а потоа по разни шверцерски патишта и криминални канали завршила иконата кај еден колекционер на икони воп Београд.Но, од како ја набавил тој никогаш немал мирен сон. Мајката Божја често му се јавувала на сон и го молела да ја врати иконата од таму од каде што била украдена. Колекционерот неможејќи повеќе да ги издржи тие соништа стапил во контакт со владиката Петар и понудил да ја врати иконата но под еден услов – да не биде пријавен во полиција. Владиката ветил дека нема да го пријави во полиција само да ја врати иконата и така иконата беше вратена во Битола и во црквата на Пресвета Богородица

фотографии од иконата изложена во битолската црква

За оваа икона известуваа и Београдските портали линк ТУКА

подготви:С.Анеска